Не стигна кај својата девојка на роденден: Познатиот пејач загина во авионска несреќа
Латино ѕвездата Габриел Диниз трагично загина во авионска несреќа.
Несреќата се случила во понеделникот, а денеска неговиот менаџерски тим потврди дека пејачот и сите останати патници и членови на екипажот се мртви.
Тој тргнал на роденденската прослава на својата девојка, но никогаш не пристигнал, бидејќи авионот се срушил. Причините за несреќата засега не се потврдени.
Пејачот имаше 28 години. Зад себе има три студиски албума. Неговите песни постигнуваат милионски прегледи на Јутјуб.
29.05.2019 - 22:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа