ВИДЕО: Момче учело под улично светло затоа што мајка му имала долгови за струја - милионер му го променил животот
Млад Перуанец, 11-годишниот Виктор Ангуло Кордоба бил проморан да учи и работи домашни задачи на улица, под светло на уличната светилка, затоа што неговата мајка немала пари да плати за електрична енергија.
Сепак, кога на интернет се проширила снимката од вредното момче кое седи на тротоар, пристигнала неочекувана помош.
Јакуб Јасуф Мубарак, милионер од Бахреин, допатувал во Перу со намера да го промени животот на момчето. Му ветил реновирање на домот и додавање на уште еден спрат. еднаш ги платил долговите за електрична енергија, а на вака племенит чин се одлучил бидејќи и самиот тој имал слично детство.
Не запрел тука, туку ветил и дека ќе донира пари за училиштето на Виктор, Неговата мајка изјавила дека Виктор се прашувал како е возможно воопшто некој од друг континент да дојде да го види токму него.
-Благодарна сум им на луѓето кои сакаат да ми помогнат и мене и на мојот син, благодарна сум им од се срце што имаат толкава добрина во себе и што пронашле време да дојдат во мојот скромен дом, особено затоа што никој тоа не го направил - рекла мајката на Виктор.
Виктор рекол дека сака да се образова и да стане полицаец за да се бори против корупцијата која е голем проблем во таа јужноамериканска земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа