Романот „Алиса во земјата на чудата“ крие мрачна тајна

 

Британскиот писател Луис Керол својата инспирација за романот „Алиса во земјата на чудата” ја пронашол во малото девојче по име Алиса Лидел, а нивната релација и до ден денес останал тајна.
Многу историчари тврдат дека има елементи од овој карактер има и во романот „Лолита”.

Вистинското име на Луис Керол е Чарлс Латвиџ Доџсон и тој не бил само писател. Студирал математика и бил искусен фотограф. Над 50 отсто од неговите фотографии модели се девојки пред пубертетот. Луис Керол и децата оделе рака за рака. Тој ги сакал нив и тие го сакале него. Неговиот однос до девојчињата многумина го ставале под знак прашање, иако нема материјални докази дека писателот бил педофил.

Во април 1856 година, тогаш 24-годишниот Доџсон се запознал со Алиса и нејзините сестри додека тие си играле во градината. Подоцна во својот дневник пишува дека тој датум за него има посебно значење. Во тоа време тој фотографирал катедрали и го привлекувал вниманието. Семејството на Алиса, со кое подоцна се дружеле, побарало од него да ги фотографира. Во своето студио имал фустани и играчки што ги забавувале девојчињата.

Во јули 1862 година, авторот бил на брод од Оксфорд до Годстон со трите ќерки на свој пријател: осумгодишнат Едит, 10-годишната Алис и 13-годишната Лорин. Во тоа време тој сѐ уште се занимавал со математика. За време на пловењето ги забавувал децата и измислувал приказни со чудни ликови. Алиса била главната хероина.

Луис имал многу прујатели – деца, но Алиса му беше посебна.

Фасцинацијатан а писателот натерала многу историшари да ја истражуваат врската на Луис со децата што ги опишувал, фотографирал и сликал.

Повеќето од нив биле од 10 до 15 години. Иако повеќето од фотографиите на Керол исчезнале, од оние што останале повеќе од 50 проценти се актови или полуактови на деца. Постојат и такви кои сугерираат дека тоа е доказ дека Луис бил педофил. Пред неговата смрт тој напишал: „12-годишно девојче, тоа е мојата идеална убавина”.

Сепак, за време на викторијанскиот период не било необично слики на голи деца да бидат користени како разгледници, роденденски карти и уметнички дела. Децата биле сметани за невини суштества. Овие илустрации немаа сексуална конотација, само укажуваат на чесност и чистота.

Пријателството меѓу писателот и Алиса одеднаш било прекинато поради тоа што тој сакал да ја побара за жена имала 11 години. Тоа го налутило семејството Лидл. Девојчињата го гледале секој ден, но не ја знаеле причината за лутината помеѓу нив и нивните родители. За многу кратко време нивното пријателство завршило.

По смртта на Доџсон, една страница од неговиот дневник била избришана, па се претпоставува дека таму тој пишува што се случило.
По долга пауза Доџсон и смејството Лидл се смириле, но тој никогаш повторно не се сретнал со нивните ќерки.
Последен пат тој ја фотографирал својата муза кога таа имала 18 години. Сликата е направена во 1870 година. На фотографијата таа изгледа како да е лура. Ако очите навистина ја отсликуваат душата, се чини дека на Алиса ѝ е здодевно и ја иритира присуството на Керол. Откако се омажила и родила три сина (двајца починале во Првата светска војна), таа доживеала кратка слава во Америка. Во писмото до нејзиниот преживеан син, Алиса напишала дека е „уморна од тоа да биде Алиса во земјата на чудата”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2019 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега