Летаат хеликоптери - Врие специјалци во Скопје

Папата ќе одржо литургија на Плоштадот Македонија, а поради посетата Скопје е блокирано, врие од полиција и се слушаат хеликоптери.
Специјалци на МВР можат да забележат на сите околни згради на плоштадот, каде пристигнуваат граѓаните во очекување да започне светата литургија, пренесува Макфакс.
За потсетување, учесниците, како што стои на веб страницата papa.mk, со себе треба да носат здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат, вода и освежувачки пијалаци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа. Се препорачува да се носи и мантил во случај да заврне дожд.
Забрането е носење експлозивни направи, пиротехнички средства (запалки, петарди, факли, „бенгалки“ и сл.), запаливи смеси и течности, спрејови и шишиња до компромитиран воздух, огнено и ладно оружје (ножеви, сите видови метални предмети, шипки, палки, ланци, ножици, жилети, комплети за миникирање, метални прибори за јадење и сл., предмети погодни за повредување и самоповредување, храна и пијалаци во метална и стаклена амбалажа, сите видови алкохолни пијалаци и чадори, транспаренти и големи знамиња.
Присутните не треба да носат многу пари со себе и ако имаат потреба од здравствена помош треба да се обрати до најблискиот волонтер, кој ќе има препознатлива ознака.
За време на светата литургија, како што стои на веб страницата papa.mk, кога светиот отец ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање какви било предмети, дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









