Се чека повеќе од половина час за влез на Плоштадот Македонија

 

Граѓаните кои имаат влезница за литургијата на Папата кој веќе пристигна на македонско тло, повеќе од половина час чекаат на Плоштадот во рестриктивната зона поради сигурносните проверки, пренесе А1.он.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск претпладнево пристигна во претседателската Вила Водно каде што треба да има обраќање пред државните власти, дипломатскиот кор и претставници на граѓанското општество.

Папата изутрината околу 8 часот слета на Скопскиот аеродром каде што беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, но и на традиционален македонски начин, со леб и сол.

Литургијата  се очекува да заврши до 13 часот.

Учесниците, како што стои на веб страницата papa.mk, со себе треба да носат здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат, вода и освежувачки пијалаци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа. Се препорачува да се носи и мантил во случај да заврне дожд.

Забрането е носење експлозивни направи, пиротехнички средства (запалки, петарди, факли, „бенгалки“ и сл.), запаливи смеси и течности, спрејови и шишиња до компромитиран воздух, огнено и ладно оружје (ножеви, сите видови метални предмети, шипки, палки, ланци, ножици, жилети, комплети за миникирање, метални прибори за јадење и сл., предмети погодни за повредување и самоповредување, храна и пијалаци во метална и стаклена амбалажа, сите видови алкохолни пијалаци и чадори, транспаренти и големи знамиња.

Присутните не треба да носат многу пари со себе и ако имаат потреба од здравствена помош треба да се обрати до најблискиот волонтер, кој ќе има препознатлива ознака.

За време на светата литургија, како што стои на веб страницата papa.mk, кога светиот отец ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање какви било предмети, дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2019 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега