Сарачини на средба со туристичките работници од струшко
Денеска министерот за економија на Република Македонија, Ваљон Сарачини ќе престојува во работна посета на Струга и Охрид.
Во Струга Сарачини ќе се сретне со градоначалникот Зијадин Села и со туристички работници од струшкиот регион.
Во Охрид, пак, министерот Сарачини ќе има средба со градоначалникот Никола Бакрачески.