Пожар беснееше на Водно - Го гаснеа 10 пожарникари

Пожар доцна синоќа беснееше на планината Водно, а според последните информации, локализиран е, 80 проценти, под контрола е, и се работи на дорасчистување на жариштата, изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Три возила и десет пожарникари го гаснеле огнот кој беснеел, па било испратено и уште едно возило, а се вклучиле и седум лица од ЈП „Паркови и зеленило", од каде се надлежни за шумата.
Денеска се очекуваат детали.
08.04.2019 - 09:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









