Познатиот актер од 8-годишна возраст бил опседнат со својата сопруга:„ Ја видов на ТВ и знаев дека ќе биде моја“
На премиерата осмата сезона на „Игра на тронови“ сите погледи очекувано ги привлече згодниот актер Џејсон Момоа, кој пред неколку месеци беше прогласен за најсекси маж на светот.
На цервениот тепих на Џејсон друштво му правела неговата сопруга Лиса Бонет, која се појавила во необичен долг фустан украсен со специфични перли, а публиката секогаш го забележува она што е најочигледно - дека таа е драстично поситна од својот сопруг.
Тие се заедно повеќе од една децина, а имаат и две деца - ќерката Лола и синот Нако.
Интересно е тоа што Џејсон се заљубол во 12 години постарата Луси уште кога имал 8 години.
-Имав само 8 години кога ја видов на телевизија и ѝ реков на мајка ми дека ја сакам токму неа. Заклучив дека ќе ја следам до крајот на жиовотот и дека ќе ја освојам - раскажал актерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа