Фрчат откази во „Мајкрософт“

 

„Мајкрософт“ (Microsoft) најави дека ќе отпушти уште неколку илјади вработени, откако во мај подели откази на три проценти од вработените на сите нивоа и географски подрачја. Компанијата најави и намалување на одредени хиерархиски нивоа.

-Тоа ќе биде помалку од четири отсто од работната сила односно отказ ќе добијат околу 9.000 вработени. Продолжуваме да ги спроведуваме организациските промени потребни за поволно позиционирање на компанијата и нејзините тимови во променливата пазарна средина, се наведува во соопштението на „Мајкрософт“, каде работат 228.000 луѓе.

Намалувањето на бројот на вработени најверојатно е предизвикано од примената на вештачката интелигенција (ВИ). „Мајкрософт“ е компанијата која е една од најнапредните во примена на ВИ. Компанијата во април соопшти дека од 20 до 30 проценти од внатрешното програмирање е направено со употреба на ВИ

02.07.2025 - 19:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега