ФОТО: Ослабела 62 килограми без диета - „Го убив тој кој требаше“
Аријана Омпи од Нов Зеланд во последната година примила над илјада пораки кои содржат опмраза и осуда откако открила на кој начин од 126 килограми денес има 62 килограми. Битката со килограмите ја води од 2012 година и дури во март оваа фгодина конечно дошла до саканиот резултат.
Аријана во еден момент од својот живот имала 130 килограми. Денес проблемот со килограмите повеќе го нема и вели дека е пресреќна со својот изглед бидејќи е свесна дека нејзината претходна килажа била нездрава.
За да ослабе Аријана почнала со кето диеата и отјкрила дека тоа не бил добар избор за неа.
-Бев константно гладна и тој начин на исхрана не беше добар за мене. Пронајдов друго решение за од корен да го пресечам проблемот со килограмите и внесувањето намирници - рекла Аријана.
Во изминатите 6 години нејзината килажа многу пати се менувала и била жртва на познатиот јо-јо ефект.
Бидејќи на Инстаграм ги објавувала своите осцилации со килограмите, луѓето постојано ја осудувале.
Аријана се одлучила за биријатриска хиорургија - зафат со кој се намалува желудникот и на овој начин се лекува екстремната гојазност.
Операцијата не била крајот за оваа девојка, затоа што морала да води активен живот и да се соочи со стриите и вишокот кожа.
-Целулитот, вишокот кожа и стриите се нормално, кај сите жени, па и кај мене. Можеби не се видливи од секој агол, но немам проблем со тоа - знам која сум и што сум. Јадам здраво и вежбам, не можам да бидам посреќна, иако поради операцијата сите ме напаѓаа и навредуваа како да сум убила некој, Кога подобро ќе разберам и убив - ги убив лошите навики во себе и животот кој би ми го одземал овој живот кој го имам сега - заклучила Аријана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа