ФОТО: Само 45 минути пред да се породи дознала дека е бремена

 

Емалуис Легат на 19 години родила здраво женско бебе иако 45 минути пред да се породи не знаела дека е трудна.

На 16 јули минатата година таа отишла на спиење, а кога се разбудила забележала дека стомакот и бил надуен.

Таа немала појма дека е бремене бидејќи земала контрацептивни пилули и вели дека имала рамен стомак се додека не родила.

Нејзината ќерка се родила со нормална тежина, но била свиткана спрема грбот, а не спрема стомакот на нејзината мајка, па затоа таа не забележала дека е бремена.

Нејзината баба ја одвела во болница, но пораѓајот завршил пред таа да влезе во зградата на болницата.

Добра вест е дека бебето е родено живо и здраво.

Тоа и било второ дете, таа веќе имала син.

-Бев шокирана, баба ми не можеше да поверува. Бевме среќни дека бебето е добро. Никогаш не неправив ни тест за бременост бидејќи немав симптоми за бременост, ама баш никакви.Докторите не можеа да објаснат зошто не сум имала стомак, ми кажаа само дека лежела во долниот дел од половината и дека тоа е вообичаено.Луѓето обично забележуваат дека се бремени околу 20 недела кога бебето почнува да мрда, но таа никогаш не мрдаше, никогаш не ни почувствивав движеже, ниту мачнини, желба за храна, ниту било што.

На почетокот малку крварев, а потоа воопшто не добовав, но мислев дека тоа е поради пилулите- раскажала девојката.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2019 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега