Избегнете ја гужвата: Овие улици ќе бидат затворени викендов во Скопје

 

Продукцијата „Скопје Филм Студио“ ја известува јавноста дека во периодов се работи на снимање на нов долгометражен игран филм со работен наслов “Хомо”.

Филмот ќе се  снима на повеќе локации низ град Скопје.

-“Скопје Филм Студио“ ве известува дека, во координација со Надлежните институции, за потребите за снимање на филмот, на ден 30.03.2019 година (сабота), во период од 6 до 18 часот,  ул. Васил Главинов во правец од ул. Димитрија Чуповски  кон Бул. Партизански одреди ќе биде затворена за сообраќај. Исто така на ден 31.03.2019 година (недела), во период од 6 до 18 часот, ул. Самоилова кај вкрстувањето со надвозникот кој поминува над бул.Гоце Делчев ќе биде затворена за сообраќај, се наведува во соопштението.

Сообраќајот ќе биде стопиран, а возилата ќе coобраќаат со изменет режим – пренасочување кон околните улици, со повремени пропуштања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2019 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега