Град Скопје ќе ви исплати отштета од 60.000-180.000 денари - скопјани секојдневно каснати од куче

Полициските билтени се полнат секојдневно со вести за каснати од кучиња. Последните два случаи се во Скопје.
Во 10:15 часот во Полициската станица Центар, 41-годишниот К.М. од Скопје пријавил дека на улица „Кеј Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница. Во 15:00 часот во Полициската станица Центар, 59-годишниот В.И. од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога, информираат од МВР.
Во случај да ве касне улично куче, може да барате оштета од Град Скопје и „Комунална хигиена“.
Како што пишува „Независен весник“, висината на отштетата е од 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









