По гласините дека заедно со сопругата на Шабан земале 400.000 евра за настапи однапред, се огласи и менаџерот на Шаулиќ

 

Менаџерот на Шабан Шаулиќ, Сабит Дервишевиќ, одлучи да гопрекине молкот и да прозбори за гласините дека тој и сопругата на Шабан земале 400.000 евра пред време за настапи на Шаулиќ.

-Не сакав да реагирам на освратните наслови, но морав.Ме прозиваат дека со Гоца сме земале пари и дека сега ми се јавуваат од сопствениците на клубовите, но и јас и Гордана не сме одговарале.Се споменува и цифра од 400.000 евра.На паметните не треба да им се објаснува дека се случуваат несреќни случаеви, како и работата која ја работел да остане недовршена, така да тука нема што да се додаде, освен дека останаа некои термини недоработени, но нагаѓања и споменување на цифри не е реално.

Што е најтрагично се пишува дека Гоца земала пари за до 2021 година, тоа е озогласена лага. Приказна е и тоа дека сме недостапни. Сакам да истакнам дека за секој настап се плаќа пред време, па што има лошо во тоа луѓето да ти веруваат и да типлаќаат однапред. Зошто да не наплаќам? Тоа го прави секој пејач.

Зар не е успех тоа луѓето да ти веруваат и да ти платат за она што го бараат од тебе, ез разлика за кој бизнис и да се работи- напишал ненаџерот на Шабан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега