Мали херои: Нивниот пријател висел од ски-лифт и бил на чекор да падне (видео)

 

Група тинејџери и двајца возрасни се прогласени за херои , поради тоа што вистински реагирале и му го спасиле животот на 8 – годишно момче , кое висело на жичарница.

Драмата се случувала во ски центарот на планината Гроус во Канада. малото момче висело на неколку метри над земјата закачено на жичарница. Еден возрасен човек очајно се обидувал да го врати на седиштето, а група тинејџери виделе што се случува и веднаш реагирале.

Развлекле мрежа , на неа ставиле сунѓер и му викнале на момчето да ги извади скиите за да не се повреди.

,,Постапивме инстинктивно . Едноставно видовме дека треба нешто да направиме”, изјави Џејмс Мекдоналд , еден од спасувачите. Детето по падот во мрежата веднаш било однесено од спасувачите во болница , но докторите утврдиле дека нема никаква повреда.

Во тек е истрагата за да се утврди како детето останало да виси на жичарницата.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2019 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега