Заслужен е за најголемите хитови во 80-те - почина славниот пејач
Марк Холис, фронтмен на пост-рок бендот „Ток ток“ (Talk Talk), почина на 64-годишна возраст, објавија британски медиуми.
Холис е заслужен за хитовите кои во 80-тите ја прославија групата „Ток ток“, како што се „It’s My Life“, „Such a Shame“, „Today“ и многу други.
Веста за неговата смрт ја објави на Твитер неговиот роднина Ентони Костело.
-Почивај во мир, Марк Холис. Роднина. Прекрасен сопруг и татко. Еден фасцинантен и принципиелен човек. Се повлече од музичката сцена пред 20 години, но е неопислива музичка икона, напиша Костело.
Од Холис на Инстаграм се прости и басистот на „Ток Тлк“, Пол Веб.
-Многу сум шокиран и тажен поради веста за смртта на Марк Холис. Беше музички гениј и беше чест и привилегија да се биде во група со него. Не сум го видел Марк со години, но како и многу музичари од нашата генерација, на мене длабоко влијаеја неговите револуционерни музички идеи, напиша Пол.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа