Летале по улиците и зборувале на мобилен - возачите во Скопје дивеат и покрај големите казни

 

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 31 возач за брзо возење, двајца биле под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и еден почетник, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои во две со лесни телесни повреди се здобиле две лица и во три е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала 85 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 81 возило.

Од сообраќај се исклучени и четири нерегистрирани возила. На црвено светло поминале тројца возачи, пет возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, четири возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи не носеле зимска опрема во возилото, 20 за не носење сигурносен појас и 28 користеле мобилен телефон.

Санкционирани се и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна сообраќајна мерка на која ќе присуствуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2019 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега