ФОТО: Не те давам, не те давам никому“ - ќерката на пејачот скршена, со оваа посвета го расплака регионот
Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија, во која настрада и неговиот музичар Мирсад Кериќ, кој управуваше со автомобилот.
Ќерката на Шаулиќ, Илда Шабанова се уште не се помирила со фактот дека нејзиниот татко е починат, а последните зборови кои му ги посветила, напишани на некрологот, заедно со сопругот Бојан и ќерката Ема, го расплакаа регионот.
„Со тебе живеам, тебе те гледам.
Им велам на сите дека не те давам.
Среќна ќе живеам со твојот лик.
Не те давам, не те давам никому“.
Семејството објави заеднички некролог. Од кралот на народната музика се збогуваа и Михајло, сопругата Гоца и ќерката Санела.
„Престана да чука големо човечко срце, се стиша најубавиот глас на ова поднебје...сопруг, татко, дедо, кум, пријател, брат“ - пишува во посветата.
Обдукција на телото на пејачот ќе биде направена во четврток, па семејството дополнително ќе објави датум на погребот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа