Со голи гради против Брегзит: Сестрата на Борис Џонсон во живо го покажала главниот аргумент против излегувањето на Велика Британија од ЕУ

 

Професорката Викторија Бетман, познат економист во Велика Британија, одлучи да се бори против Брегзит со своето голо тело. Таа сосема гола без ниту едно парче облека на себе гостуваше во утринска телевизиска емисија „Добро утро, Британија“.

Иако голото тело не можеше да се види, зошто беше сликата замаглена, како што објаснија водители професорката на градите имаше испишано порака „Брегзит ќе ја остави Британија гола“.

Таа вели дека сака да ја истакне „голата вистина“ за лошите страни на излезот на Велика Британија од Европската унија. Токму затоа, таа сосема гола се појави во програмата  и разговараше со водителите.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2019 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега