Раул: Се уште имаме шанси да се пласираме во втората фаза

 

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес вели дека неговите ракометари го дале максимумот против Хрватска, но денеска противникот едноставно бил подобар.

„Хрватска одигра одлично и во одбраната и во нападот. Знаевме дека ќе биде многу тешко против нив па затоа одлучивме да играме со „седум на шест“. На почетокот со одбрана 5-1 им создававме проблеми, но потоа тие почнаа исто така да играат „седум на шест“ и влегоа во ритам“, кажа Раул Гонзалес.
 
„Шего беше перфектен, одбрани се што шутнавме од шест метри, тој беше нашиот проблем денеска. Имавме шанси во второто полувреме, но не искористивме. Важно ми е што дадовме се од себе. Се уште имаме шанси да се пласираме во втората фаза“ вели Гонзалес.
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега