Видео од груба наставничка го зпрепасти светот: Безмилосно влече аутистично дете по ходникот од училиштето

Мајка на аутистично дете објави видео кое ја згрози јавноста во американската држава Кентаки.
Енџел Нелсон се шокирала кога ја видела снимката на која учителката Трина Абрамс го влече по школскиот ходник нејзиниот 9- годишен син на кој му е дијагностициран аутизам.
Наставничката е веднаш отпуштена, а покрената е тужба за напад од четврти степен.
„Мојот син заслужува правда“ напишала мајката на фејсбук и ја објавила снимката.
На видеото се слуша како наставничката го прашува дали може да оди, а откако детето одговара дека не може таа продолжува да го влече низ ходникот.
14.01.2019 - 12:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









