На Тони Цетински му се заканува затвор- прегази и усмрти пешак
Против пејчот Тони Цетински Општинското државно обвинителство покрена тужба поради предизвикување на сообраќјна несреќа со смртоносен исход во ноември 2017 година.
Според соопштението, тој со возилото влегол во тесна кривина, во еднонасочна улица во која има голем број објекти во центарот на градот. Според обвинението, возилото влегло во кривината без возачот претходно да се увери дали може да сврти без да има последици врз учесниците во сообраќајот.
Исто така се смета дека брзината на движење на возилото не била прилагодена на условите на патот, видливоста, прегледноста и состојбата на возилото. Поради сето ова, Цетински се товари дека не обрнал внимание и го прегазил пешакот кој лежел на улицата, со нарушено здравје поради срцево заболување и во тешка алкохолизирана состојба.
Обвинителството го подигна обвинението последниот ден од минатата година, а објавено е на 8 јануари на сајтот на судот
Потсетуваме дека во несреќата загина 62- годишниот Ибрахим к. од Ровиње.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа