Во Скопје вечерва не се дише - воздухот енормно загаден, останете дома

 

Вечерва не се дише во Скопје, но и во цела Македонија.

Маглата која ја има во Скопје само дополнително ја влошува состојбата.

Мерните станици во моментов покажуваат дека ПМ-10 честичките се неколку пати над дозволеното, а најзагадено е кај Ректоратот во Скопје.

Според мерните станици во моментов кај Ректоратот има 228 милиграми на метар кубен ПМ-10, Центар 176, Куманово 158, Струмица 157, Карпош 136 и Бутел 128 ПМ-10.

Инаку на социјалните мрежи граѓаните вечерва упатуваат апели да не се излегува од дома, особено родителите со мали деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2018 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега