Мерните станици за мерење на ПМ10 веќе подолго време не работат во Гази Баба, Лисиче и Ѓорче Петров. И во останатите градови низ Македонија забележана висока концентрација на ПМ 10 штетните честички.


Скопје вечерва е деветти најзагаден град во светот, покажуваат резултатите интернет порталот „Ер вижуал“, каде што се претставуваат збирните податоци од мерните станици во целиот свет.

Најзагаден воздух, според апликацијата „Мој воздух“, вечерва во 21 часот е измерен во „11 Октомври“.

Во Центар се измерени 124 ПМ 10 честички. Во Карпош 254, во Ректорат 318, во Бутел 205, а во Аеродром 227 микрограми на кубен метар.
Мерните станици за мерење на ПМ10 веќе подолго време не работат во Гази Баба, Лисиче и Ѓорче Петров. И во останатите градови низ Македонија забележана висока концентрација на ПМ 10 штетните честички.

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа