Дедо Мраз утре со хеликоптер ќе донесе пакетчиња на децата на припадниците на АРМ

 

Утре, 22-ри декември (сабота), во организација на воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија, ќе се реализира традиционалната предновогодишна активност „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер“.

            На церемонијата која посебно е атрактивна за најмладите, „Дедо Мраз“ ќе подели новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на воздухопловната бригада, како и на деца на припадници од бригадата и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.

            Активноста ќе се реализира на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната Страѓо Пинџур со почеток во 11.00 часот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2018 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега