Американска амбасада предупредува: Ќе се слушаат звуци на сирени

Американската амбасада во Скопје соопштува дека ќе одржи вежба за итна реакција, при што можно е да се слушаат звуци од сирени и аларми.
-На 20 декември во вечерните часови, американската амбасада во Скопје ќе одржи вежба за итна реакција. Настанот ќе се одржи во просториите на амбасадата, а како дел од вежбата ќе се слушаат звуци од сирени и аларми во јавноста - пренесуваат од амбасадата.
20.12.2018 - 18:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








