Ќе се плаќа паркингот спроти ГТЦ додека не почне изградбата

 

Сопственикот на парцелата спроти Градскиот трговски центар (ГТЦ), фирмата „МГ Фешн“ ќе стопанисува со паркингот додека заврши мораториумот и биде утврдено што ќе може да гради на таа локација, пишува СДК.

На паркингот еден месец рампите се кренати и не се наплатува паркирање.

- „Организаторот на паркирањето е должен да ја организира и врши дејноста паркирање во согласност со важечката законска регулатива, стандарди и нормативи кои се однесуваат на оваа дејност и Одлуката за јавните паркиралишта од значење за градот Скопје. Организаторот на паркирањето е должен дејноста да ја врши континуирано, квалитетно и ефикасно, за што е должен да обезбеди соодветни технички, материјални и кадровски услови“, се вели во Одлуката на Град Скопје која треба да ја усвои Советот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2018 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега