Не тргајте по овие улици - сообраќајот во Скопје ќе се поремети

 

Поради закажан протест во централното градско подрачје во Скопје, утре од 17 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Како што информираат од МВР, демонстраните кои се организирани од страна на политичка партија ќе се движат од плоштадот ВМРО, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на  Влада на Р. Македонија.

МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2018 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега