Скопје и утрово меѓу петте најзагадени градови во светот

 

 Според страницата Airvisual, главниот град на Македонија утрово во 8 часот и 30 минути се наоѓаше на петтото место зад индиските Њу Делхи, Колката и Мумбај и главниот град на Пакистан, Лахоре.

Изминатава вечер пиковите во загадувањето на воздухот беа на мерните станици „Карпош“ и „Ректорат“, каде загадувањето со ПМ10 честички беше пет пати над максимално дозволената граница.

Освен во Скопје изминатава вечер загадено беше безмалку на сите мерни станици низ Македонија. Најзагадено изминатава ноќ беше во Струмица и Битола, додека само малку подобра беше ситуацијата во Кавадарци, Куманово, Тетово и Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2018 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега