Паркингот на Клинички двојно ќе поскапи за вработените во овој центар

 

Вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се револтирани по најавата за двојно поскапување на паркингот на Клиника, пренесува „Макфакс“. По предлогот на ЈП „Градски паркинзи“ кој во понеделник ќе се гласа на седница на Советот на Град Скопје, паркингот од 350 ќе се зголеми на 800 денари.

„Зошто нам како на здравствени работници воопшто да ни се наплатува паркинг? Ние треба да имаме бесплатен паркинг обезбеден со картички, како и загарантирани паркинг-места на кои не смее да паркира никој друг освен ние. Колку за пример, приватните болници не наплатуваат паркинг-места за медицинскиот кадар, ниту, пак, за пациентите. А во државната болница не само што се наплатува туку и цената расте“, реагира доктор од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за „Макфакс“.

Вработените во овој Клнички центар немаат посебен пшаркинг-простор и тие како и другите граѓани ќе мораат да плаќаат паркинг.

За проблемот со немањето на доволен паркинг простор се дебатира веќе некое време, но решение сеуште нема. Честопати досега сме биле и сведоци кога итните пациенти кои на клиника се носат со брза помош мораат да чекаат и молат за гужвата да се расчисти со цел да стигнат до влезот на болницата, а со тоа и нивниот живот се става во опасност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега