Посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека денес од 17:00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата “Даме Груев“, право по улицата “Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот “Илинден“ до пред зградата на Влада на Р.Македонија.
„Ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, стои во соопштението на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









