Во Чаир не се плаќа парно - топланата се мачи да обезбеди гас за греење

Топланата „Скопје Север“ го реши проблемот со снабдувањето со гас потребен за функционирање на грејниот систем во домаќинствата и основните училишта на територија на Општина Чаир, информираа од општината.
Изминативе неколку дена топланата имаше проблем со обезбедување на гаранција за снабдување со гас. Оттаму тврдеа дека голем број корисници на топлинска енергија, меѓу кои и општината не ги плаќале редовно сметките што била причина за нередовно снабдување со гас.
Од општината пак проблемот го лоцираа кај раководниот тим на топланата.
05.12.2018 - 09:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









