Утре без вода ќе бидат овие населби во Скопје

 

Корисниците од зградите со број 92, 94 и 96 на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во населбата Тафталиџе, како и околните куќи, фабриката Реплек и дел од населбата Козле утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е санирање на уличен дефект на цевка со пречник од 300 милиметри на  булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.112  во населба Тафталиџе, општина Карпош.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не го санираат дефектот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2018 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега