Скопските пожарникари денес со 9 интервенции

 

Пожарникарите од скопската противпожарна бригада денеска имале девет интервенции, пренесе Курир.

Најсериозен бил пожарот кој избувна во соба од затворско одделение во Казнено-поправниот дом „Шутка“ каде опожарени биле 15 квадратни метри. Во гаснењето на пожарот противпожарната бригада интервенирала со пет возила и 11 пожарникари.

Командирот на противпожарната бригада во Скопје Ѕвонко Томевски за Курир вели дека денес интервенција имале и во мини депонијата во Драчево кај поранешната циглана. Според него чести се интервенциите на пожарникарите во депониите, за кои вели дека се најголемиот проблем.

Речиси секојдневни се пријавите за опожарени мини депонии низ Скопје.

Околу 18 часот пожарникарите интервенирале и во двокатна куќа позади ТЦ Буњаковец од каде излегувал чад. Причината за чадот била заборавено тенџере на шпорет.

Противпожарните екипи денес имале помали интервенции и на Бит Пазар, Бутел…

 

 

 

29.10.2018 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега