Пријавете ако сте незадоволни од работата на администрацијата на Град Скопје

Жителите кои не се задоволни од работата на администрацијата на Град Скопје од денеска можат да пријават до внатрешната контрола на е-маил адресата kontrola@skopje.gov.mk.
- Пријавете доколку Вашиот предмет не се сработува брзо, на време и пријавете доколку чувствувате дека имате непринципиелни побарувања од градската администрација, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во петокот, кога го промовираше воведувањето внатрешна контрола во работата на градската администрација.
Во Град Скопје првпат се воведува внатрешна контрола со цел обезбедување поголема ефикасност во работата и подобри и навремени услуги за сите граѓаните.
Покрај спречувањето на можноста за одолговлекување на постапките во Градот, со оваа реформа ќе се воведе и можност за следење и на ефикасноста на секој вработен во градската администрација. Внатрешната контрола на овој начин ќе води досиеја за секој вработен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









