Шилегов: Засилени контроли и казни за несовесните граѓани кон хигиената во градот

 

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов  во рамките на големата акција за чистење на Скопје во која јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, во соработка со скопските општини, ги чистат сите градски и општински улици, ја посети општината Гази Баба.

Во општините вонредно се ангажирани над 100 работници, заедно со луѓето кои општините редовно ги имаат ангажирано. Тие ќе влезат во секоја улица, со цел да се подигне хигиената низ нашиот град.

 

– Инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари на Град Скопје извршуваат засилени контроли на терен. Изречени се две казни за недозволено палење кабли и пластика и една казна за оставање градежен шут на јавна површина. Апелирам до сите граѓани да ги пријавуваат сите незаконски дејствија, бидејќи ако сакаме да ни биде почист градот, секој од нас треба да покаже повисок степен на грижа за хигиената во микро – средината каде што живее – истакна Шилегов.

 

 

 

10.09.2018 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега