Шилегов: Протестите за гасоводот се каприц на неколку активисти

 

Каприц е однесувањето на мал дел од членовите на еколошките здруженија кои што ги игнорираат аргументите за изградба на гасоводот кој поминува низ Водно, со кои ќе се направи незначителна штета на Парк-шумата, истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и најави нови јавни дебати и соочувања на некои од телевизиите, пренесува ТВ24.

- Фактите се работи кои што не можете да ги одминете и покрај тоа што не сте секогаш среќни со реалната состојба како што е и фактот дека Водно не е заштитено подрачје - посочи Шилегов.

Тој потенцираше дека стои на ставот дека сите институции кои што се засегнати со изградбата на трасата на гасоводот и граѓанските здруженија треба да се соочат на јавни дебати, но и да се спротивстават со јазикот на бројки, законски прописи и регулативи

- Кога ќе почне да станува збор за каприци, а фактите се вече ставени на маса, тогаш веќе не гледам потреба дека треба да оди процесот на дебата - рече градоначалникот Шилегов.

Изградбата на трасата Скопје-Тетово-Гостивар чини 34 милиони евра, според властите, менувањето на трасата во оваа фаза на проектот ќе иницира дополнителни финансиски импликации.

 

 

 

10.09.2018 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега