Циклонот Глорија се ближи кон Скопје - на овие места најкритично, како да се заштитите

Вистинскиот циклон Глорија беснее ширум Балканот поточно во источна Хрватска, Босна како и на западот од Србија како и во делови од Косово па веќе и во поголем дел од држава каде имаме нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а регистрирана е и локална појава на град низ државава, информира метеорологот Славчо Попоски.
Во наредните 40-тина часа циклонот Глорија ќе донесе многу нестабилно време над нашата територија па така времето ќе биде променливо и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
НАПОМЕНА: Во текот на следните 48 часа локално особено во источната, северната како и во западната половина од државава се очекува да наврне значително количество на воден талог (над 20, 30 л/м2) па токму поради тоа добро е да се предупреди на локални поројни поплави.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења и силен ветер на граѓаните ги советуваме да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и да внимаваат каде се движат во случај на појава на силен ветер и каде ги ставаат своите автомобили (односно истите да не бидат во близина на дрвја).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









