Се огласи „Секјуриком“: Редовно ја чистиме Владата, а со плата доцниме само 20 дена

Веќе три месеци како фирмата „Секјуриком“ не ги чисти министерствата и владините институции, бидејќи вработените со месеци не земаат плата, па одбиваат да ги извршуваат работните обврски, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.
Сепак попладнево за СДК.мк се огасија и од „Секјуриком“ кои ја демантираа оваа вест.
„Категорично ги отфрламе тврдењата дека вработените со месеци немаат земено плата и поради тоа одбиваат да ги извршуваат работните задачи. Стоиме позади тоа дека доцниме со исплата 20 дена само за месец мај, како резултат на ненавремено плаќање на нашите фактури за извршени услуги, за што се вложуваат напори истата да биде исплатена во најбрз можен рок“, велат од „Секјуриком“.
Од „Секјуриком“ велат дека доцнат со плата само 20 дена односно дека на вработените им е исплатена априлската плата, а за месец мај не можат да ја поделат оти Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) уште не им ја исплатила фактурата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









