Обидете се да ги избегнете овие улици- утре пренасочување на сообраќајот

 

Утре (01.07, недела) поради одржувањето на спортската манифестација - Европско атлетско првенство во планинско трчање, што во организација  на Атлетска федерација на Македонија ќе се одржи во Скопје, во периодот од 07,00 до16,00 часот..

Одделението за бездедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе пренасочување на сообраќајот на улицата “Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект хотел “Панорама“ па се до Средно водно, како и од селоНерези (етно село) до Средно водно.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат времените сообраќајни мерки.

 

 

 

30.06.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега