Во недела забрана за сообраќај на Водно

 

Поради 17. Европско првенство во планинско трчање кое во недела (1. јули) ќе се одржи на Водно, со почеток од 09.00 часот, за време на натпреварот ќе има ограниченост и забрана за движење на возила.

Како што информираат организаторите, кај Турската резиденција затворена ќе биде улицата „Тодор Александров“ која води до Средно водно, а затворена ќе биде и улицата која води од Горно Нерези до Средно водно кај Ресторан Кна.

Забраната ќе важи за сите возила, освен за редовните линии на ЈСП Скопје, кои ќе се обраќаат по нивната редовна рута.

Извор: Денар

 

 

 

29.06.2018 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега