Без вода денес овие делови од Скопје

 

Поради уличен дефект на цевка Ф-100 мм на ул. „Московска“ бр.9, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа улица од бр.5 до бр.9 и пазарчето Тафталиџе. Прекинот, како што информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје, ќе биде од 8:45 часот до санирање на дефектот.

Поради дефект на приклучна цевка Ф-5/4“ на ул.„Јуриј Гагарин“ бр.77, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат и корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“, „Струшка“ и „Кораб“ од 10:00 часот до санирање на дефектот.

 

 

 

25.06.2018 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега