Полицијата повторно казнува: 270 возачи санкционирани, а 83 исклучени од сообраќајкот

Пет лица биле тешко повредени, а 15 се здобиле со полесни поврњди во десет од 24 сообраќајки евидентирани изминатиот викенд на територијата на Секторот за внатрешни работи Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 14 сообраќајки е причинета материјална штета, санкционирани се 271 возач за движење со поголема бризна од дозволената, а 83 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол.
Полицијата исклучила од сообраќај и 46 нерегистрирани возила, за непрописно паркирање се изречени санкции за 168 лица, а „пајакот“ подигнал 91 возило.
Изречени се санкции и за 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, 11 за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за недавање првенство на минување на пешаци
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









