Оваа скопска населба утре ќе остане без вода

Без вода утре од 09:00 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Партизански одреди“, зградите во близина на Неуромедика и улица „Црвена вода“, во општина Карпош.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80 мм, на булевар „Партизански одреди“ број 38.
20.06.2018 - 19:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









