ЈП ПОЦ постави сандачиња за поплаки и критики, па посебна комисија ќе ги разгледува еднаш неделно

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје постави сандачиња на сите паркомати кои се во сопственост на претпријатието каде што граѓаните ќе можат да остават предлози, поплаки и пофалби, се вели во соопштението.
"Граѓаните секогаш треба да бидат вклучени во процесот на одлучување за начинот на кој функционираат јавните претпријатија и да бидат прашани за проблемите со кои тие се соочуваат. Затоа ги повикуваме сите корисници на нашите паркиралишта да ги остават своите предлози и поплаки во сандачиња кои се поставени на нашите паркомати", изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.
До сандачињата ќе има формулар за прашања, сугестии и поплаки кадешто граѓаните во писмена форма ќе можат да го изразат нивното мислење за работата на претпријатието.
ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе формира посебна комисија која еднаш неделно ќе ги разгледува сите пристигнати поплаки, пофалби и сугестии и ќе постапува согласно надлежностите.
ЈП ПОЦ се надева дека овој потег ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на работата на претпријатието со цел да се добијат услуги кои ќе бидат целосно
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









