Не дозволувајте да ви го упропастат денот: Ослободете се од мравките со состојки кои ги имате во кујната

Прозорците, вратите, терасата, сѐ што може да се отвори во летните денови е спас од жештините. Но, секој отвор е олеснет пристап за разни инсекти, па и мравки. Со неколку состојки од кујната решете се од малите напасти.

Измешајте сода бикарбона и шеќер во прав во еднакви размери и сипете ги на местата на кои се собираат мравкие, За неколку дена веќе нема да ги има. И мешавина од оцет и вода во размер 2:1 ќе го реши проблемот. Во половина литат вода може да додадете 50 милилитри детергент за садови, па смесата да ја напрскате по критичните места.

Со креда поминете низ пукнатините по ѕидот или со неа исцртајте низ местото каде што мвравките се собираат. Бидејќи не поднесуваат лимонска киселина, сок од лимон попрскајте на местата каде што се собираат и ќе ги нема.

Цимет и луто пиперче во прав е исто помош.

Не оставајте храна, особено не благо или остатоци од овошје на незаштитени места, бидејќи на нив посебно се собираат мравки.

 

 

 

 

11.06.2018 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега