Искршени дрвја и вода по улиците од невремето: Град Скопје свика итен состанок за заштита и спасување

 

Невремето што го зафати скопското подрачје, со дожд, град и силен ветер го отежна движењето на сообраќајот. Од силниот ветер искршени се и откорнати повеќе дрвја.

 

Паѓаше град со големина на орев, а ветерот достигнуваше брзина над 80 километри на час.

Во Градот Скопје е свикан итен состанок на Градскиот штаб за заштита и спасување.

„До Градот Скопје пријавени се 30-ина паднати дрвја врз улици и тротоари, бандери и електрични кабли, а некои од нив и врз причиниле и позначајна штета врз автомобили и друг приватен имот.Сите јавни претпријатија, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција со сиот свој човечки потенцијал се на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите во најбрзо време.Во моментов екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување приоритетно работат на расчистување ба булеварите и градските улици, а потоа се продолжува со помалите општински улици. Се очекува поголемите проблеми да бидат отстранети во текот на денешниот ден“ стои во соопштението од град Скопје.

 

 Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. 

 

 

 

09.06.2018 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега