Град Скопје со важно известување за престојниот викенд: Привремен сообраќаен режим

 

 Поради одржување на брзинско – ридски натпревар во автомобилизам викендов ќе има привремен сообраќаен режим на дел од улицата „Тодор Александров“ и патот кон Средно Водно, информираат од Град Скопје.

Затворени за сообраќај ќе бидат улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија и патот до Средно Водно во сабота од 08 до 16 часот и в недела од  08 до 15.30 часот. 

Од Град Скопје, исто така, информираат дека возилата на автобуските линии кои го поврзуваат градот Скопје и Средно Водно, 25, 25А и 25Б нема да сообраќаат, освен автобуската линија 25 со редовен возен ред по 16 часот во сабота, односно 15:30 часот во недела.

 

 

 

08.06.2018 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега