Почна обуката за оџачари, бесплатно ќе бидат исчистени 100 оџаци

Оџачарството е исплатлив бизнис, им порача градоначаникот на Скопје Петре Шилегов на 15-те кандидати за оџачари ко следат обука во ГУЦ „Здравко Цветковски“. Оџачарството е исплатлив бизнис, им порача градоначаникот на Скопје Петре Шилегов на 15-те кандидати за оџачари ко следат обука во ГУЦ „Здравко Цветковски“.

Тој нагласи дека по 15 септември, кога ќе им заврши обуката и ќе добијат сертификат за оџачари, ќе објави субвенционирање на чистење оџаци. За таа намена, како што кажа, Градот ќе одвои 10 милиони денари.

– Чистењето на оџаците за 30 до 40 отсто го намалува загадувањето и значително ја намалува потрошувачката на огревко дрво и пелети, рече Шилегов.

Тој најави дека од Владата ќе побара да донесе законски измени со кои чистењето оџаци ќе биде задолжително или оваа надлежност да се префрли на локалната самоуправа, а секоја општина сама да одлучува за себе.

Во Скопје, рече, има околу 140.000 оџаци и само 20-на оџачари.

07.06.2018 - 19:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега