Подгответе се: Утре без вода ќе бидат неколку улици од оваа скопска општина

Без вода утре од 8:30 часот па се до санирање на дефектот ќе бидат корисниците на потег од бул. „Климент Охридски“ до бул. „ВМРО“, соопшти РЦУК.
Од ЈП „Водовод и Канализација“ на Град Скопје појаснуваат дека утре заради санирање дефект на водоводна мрежа со пречник на шибер вентил Ф-150 мм на бул. „Партизански одреди“ бр. 8 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на споменатите булевари во општина Центар.
06.06.2018 - 15:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









